Програмата на СБС на македонски емитувана на 27 јуни 2025
Програмата на СБС на македонски емитувана на 27 јуни 2025
Програмата на СБС на македонски емитувана на 27 јуни 2025
Програмата на СБС на македонски емитувана на 26 јуни 2025
Дипломската студија - Домородно Бизнис Лидерство - има за цел да ја охрабри следната генерација и да го диверзифицира секторот.
Суданските бегалци кои избегаа од најголемата хуманитарна криза во светот ги споделуваат своите приказни за да ја шират свеста за страдањето во нивната татковина. Kонфликтот во Судан кој трае повеќе од две години, доведе до глад, етничко и родово базирано насилство и најголемата криза на внатрешно раселување на планетата. Had 14 милиони луѓе ce насилно расселени поради борбите.
Пред дваесет и пет години, петнаесет лица - претежно млади туристи и берачи на овошје - беа убиени во пожар подметнат во хостел во регионалните предели на Квинсленд. Преживеаните и семејствата на жртвите се вратија во малото градче Чилдерс во југо источниот дел на државата, за да ја одбележат годишнината и да продолжат да бараат сторителот да не биде ослободен од затвор.
Програмата на СБС на македонски емитувана на 25 јуни 2025
Вести на СБС на македонски 25 јуни 2025
Самоубиствен бомбашки напад во грчка православна црква во Дамаск уби најмалку 20 лица, а повреди повеќе од 50, уништувајќи ја неделната миса и повторно разгорувајќи стравувања за кревката безбедност на Сирија по падот на Асад.
Оригиналниот закон за абортус во Велика Британија - одобрен во 1861 година – јасно наведе дека намерното прекинување на бременоста е кривично дело, а оние што го извршиле можат да добијат доживотна затворска казна. Парламентот сега одобри амандман на тој закон за да се спречи гонењето на жените, што еден пратеник од Лабуристичката партија вели дека им се случувало на стотици ранливи луѓе во текот на годините.
SBS Macedonian Program, broadcast live Monday to Friday with a repeat of Friday's program each Saturday, also at noon. Join us in celebrating SBS's 50 Years of broadcasting throughout 2025!
Од 2024 година, федералната влада започна неколку политики за ограничување на бројот на меѓународни студенти, вклучително и зголемување на наплаќањата за апликации за студентски визи и забавување на времето за обработка на визи, што доведе до затворање на некои од овие институции
Програмата на СБС на македонски емитувана на 20 јуни 2025
Радиски содржини од сферата на културата и литературата, честопати се дел од наставата во саботните часови по македонски јазик, вели долгогодишната наставничка Весна Дамчевска, од училиштето Кeilor Downs од Мелбурн, по повод 50 годишниот јубилеј на СБС радио.
Програмата на СБС на македонски емитувана на 19 јуни 2025
Ванеса Морфеа, основач на женската панк рок група "Valentine", која стана сочувствителна композиторка, ги користи своите музички таленти за да фрли светлина врз тешката состојба на кучињата во засолништата низ Австралија.
Програмата на СБС на македонски емитувана на 18 јуни 2025
Вести на СБС на македонски 18 јуни 2025
Програмата на СБС на македонски емитувана на 16 јуни 2025
Владата на Нов Јужен Велс објави пакет за финансирање од 380 милиони долари за поддршка на филмската индустрија во државата. Најавата вклучува 100 милиони долари за наоѓање локација за второ филмско студио.
Програмата на СБС на македонски емитувана на 13 јуни 2025
Програмата на СБС на македонски емитувана на 12 јуни 2025
Промените на Лабуристичката партија во начинот на оданочување на пензискиот фонд superannuation, предизвикаа возбуда во делови од заедницата. Политиката не е нова. SBS ги разгледува условите и што всушност ќе значат промените.
Многу работи се променија во текот на изминатите 50 години за LGBTIQ+ Австралијците. За да ја одбележиме 50-годишнината од SBS, го свртуваме погледот кон борбата на заедницата за еднакви права и видливост.
Додека светот го одбележува Светскиот ден на океаните и глобалните лидери пристигнуваат на Француската Ривиера за третата Конференција за Океани на Обединетите Нации, Австралиските истражувачи алармираат за здравјето на нашите корални гребени.
Придонесот на Абориџинските и ветераните од островите na Торес Стрејт беше почестен на церемонија во Сиднеј. Овогодинешните комеморации се фокусираат на значењето на “Lest We Forget“ и како оваа практика претходно беше занемарена.
Зелените се во неволја од изненадувачкото пребегнување на сенаторката од Западна Австралија Доринда Кокс во Лабуристичката партија. Премиерот го бранеше својот нов регрут, меѓу обвинувањата за малтретирање на работното место.
На 9 јуни 1975 година започна ‘Radio Ethnic Australia’ - смел експеримент од тогашниот министер за имиграција Ал Гразби за да им го објасни Medibank на мигрантите, првата верзија на Medicare. Како нај разновиден радиодифузер во Австралија, cпецијалната радиодифузна служба SBS, има за цел да ги инспирира сите Австралијци да го истражуваат, почитуваат и слават нашиот разновиден свет и со тоа да промовираат инклузивно и кохезивно општество.
Програмата на СБС на македонски емитувана на 11 јуни 2025
Вести на СБС на македоински 11 јуни 2025
Првото јазично катче за деца на предучилишна возраст, што се оддржува секој вторник во 10.00 часот наутро во Основното Училиште Лејлор Норт, неоддамна започна со работа. Успехот на сесиите на кои се чита и пее на македонски се докажува преку редовно исполнетите бесплатни сесии.