Парк муабети со немирна идеја
Се враќамеее со нова епизода од подкастот Збор-два: Парк муабети со одличен разговор со поетеса, скопска шемаџика и дама со полн глас и исправена става! Зборуваме за идеи, патуваме низ муабети и теми, за тоа како е да живееш со отворено срце и да шириш љубов, како да се радуваш и како постојано да се чудиш. Свемирски и вселенски муабети, по бистроа низ Франција и на плажи по Охрид, рашетани и расеани во нашите весели муабети и моменти разменуваме збор-два, три, четирии... Ова е ода за спонтаност...
