#комкаст - media and marketing podcast - podcast cover

#комкаст - media and marketing podcast

Darko Buldioskikomunikacii.net
Поткаст за маркетинг, нови медиуми, дигитална трансформација и дигитална култура. Поткастот е дел од блогот komunikacii.net, креиран во 2005 година. Зад блогот стојат Дарко Булдиоски, Сеад Џигал, Наталија Стефановска, Мите Кузевски а од пред некоја година и целиот тим на маркетинг агенцијата NewMediaMK. #комкаст започна како аудио издание во 2011 година кое беше емитувано и на РадиоМОФ. Во својата историја полна со паузи го менуваше својот формат и своите домаќини, но секогаш остана верен на своите теми. Сите епизоди се достапни на https://komunikacii.net/category/komkast
Last refreshed:
Follow this podcast in the Metacast mobile app to refresh it and see new episodes.
Download Metacast podcast app
Podcasts are better in Metacast mobile app
Don't just listen to podcasts. Learn from them with transcripts, summaries, and chapters for every episode. Skim, search, and bookmark insights. Learn more

Episodes

Бизнис транформација е дигитална трансформација - Петар Ниновски и Душан Марковиќ - #комкаст 114

Во оваа епизода зборуваме со Петар Ниновски од Brainster и Душан Марковиќ од Maliqi Group. Секој со искуство во својата индустрија, Петар во неформално образовани, Душан со угостителство и дистрибуција зборуваа со кои предизвици тие се соочувале во процесот на трансфорамција во компаниите во кои делуваат.

Mar 17, 202244 minEp. 114

Луѓе (HR) и дигитална трансформација со Ивана Дојчиновска Стојановиќ - #комкаст 113

Кога зборуваме за дигитална трансформација често напоменуваме дека луѓето во оранизацијата се клучен фактор за успешната трансформација. Токму за процесите на промена внатре во компанијата, за развојот и одржувањето на организациската култура и секако за развојот на кариерните патишта во оваа епизода на #комкаст зборуваме со Ивана Дојчиновска Стојановиќ

Feb 24, 202250 minEp. 113

5G и дигитална трансфорамција - #комкаст 112

Во седмата по ред епизода на #комкаст посветена на дигиталната трансфорамција зборуваме за 5G како технологија. Со Маја Милосавлевска Наумовска од А1 Македонија дискутираме за митовите поврзани со 5G, за карактеристиките и предностите на самата технологија но најмногу за можностите кои таа ги отвара во поглед на развој на голем број нови услуги и сервиси во различни индустрии.

Feb 03, 202241 minEp. 112

5 митови за дигитална трансформација - #комкаст 111

Во шестата последователна комкаст епизода посеветена на дигиталната трансформација изнесуваме на виделина неколку помалку и повеќе очиглени митови поврзани се разбира со дигиталната трансформација. Секако, штом се митови значи дека се побиени и дека не се точни тврдењата, но и покрај тоа нив одново и одново ги сретнуваме во секојдневната работа. Токму затоа има потреба одново и одново да се повторуваат и да се посочуваат за да може да се очекува соодветна промена.

Jan 27, 202221 min

Дигитално лидерство со Иван Скендер - #комкаст 110

Иван Скендер е човекот одоговорен за спроведување на дигиталната трансформација во А1 Македонија и А1 Хрватска. Разговаравме за предизвиците, искуствата, препреките со кои се соочуваат но и за методите и пристапот во трансфорамцијата. Допревме малку технологија, малку HR или човечки односи, малку agile менаџмент... и ред други теми.

Dec 23, 202138 min

За гејминг со Гораст Цветковски - #комкаст 109

А за што друго би зборувал со Гораст ако не за гејминг и Game Fest и целата култура и трансформација која низ годините наназад се случува. Зборувавме за лични перцепции и искуства, за влијанието на оваа култура на остатаниот дел од опкружување и на крај секако малку и за децата и играњето, неизбежно беше.

Dec 16, 202152 min

Data science со Мартина Наумовска - #комкаст 108

Уште во воведната епизода на серијалов посветен на дигитална транфорамција зборував колку е важен стратешкиот пристап кон собирање и управување со податоците. Во денешната епизода со Мартина Наумовска зборуваме токму за улогата на податоците во рамки на самата трансформација на работењето на една организација. Мартина е првата жена Data Scientist која влегла во претприемачките води во Македонија, еден од основачите на Data Masters и Data Masters академијата.

Dec 10, 202143 min

Грижа за корисници со Борче Ѓорѓески - #комкаст 107

Како е да се биде од другата страна, кога корисникот бара да му се посвети внимание или реши проблем? Како се менуваа каналите за комуникација со корисниците, колку време е дозволено за решавање на проблем, како е да те замени вештачка интелигенција, што не може да работи робот? На овие и многу други прашања одговара Борче Ѓорѓески од А1 Македонија, човекот кој, најверојатно, има подебела кожа од сите нас заедно...

Dec 02, 202138 minEp. 107

Што е дигитална трансформација? - #комкаст 106

Најавивме серија на епизоди кои ќе бидат посветени на дигиталната трансформација, ама ред е за почеток да се обидеме да дадеме вовед, дефиниции, рамки за да знаеме за што зборуваме. Во првата епизода од овој серијал се обидувам да ги врзам кафанските муабети со серзиони теми кои секако не се неспоиви, ама си носат свој предизвик. Во воведната епизода ќе слушнете: дефиниции за дигитална трансформaција, основни елементи на дигитална трансформација фази на трансформација фокус на коринсикот и корис...

Nov 25, 202133 min

Најава: Дигитална трансформација

Пред неколку месеци со А1 Македонија започнавме убав муабет околу подкасти, локална понуда и сл. и после неколку (онлајн) состаноци и меилови... работите станаа поконкнретни. Се интензивираа работите и конечно денес ја имам честа да ја најавам новата сезона (иако напуштивме броење на сезони пред две години па затоа некаде може и ќе ја викам серија) на #комкаст. Одлуката околу содржината беше прилично лесна. Дигитална трансформација. Долги години сме активен дел од неа, од повеќе страни а тоа е и...

Nov 22, 20212 minEp. 106

За SEO со Бранко Илишев - #комкаст 105

Бранко е ко-основач главен и одговорен за SEO делот во агенцијата SmartClick. Бранко ми е еден од „тајните” извори за добри SEO дискусии и линкови. Подолго време се договараме да снимаме епизода и конечно успевме да се погодиме и да продискутираме за: развој на кариера во SEO потребите на глобалните пазари и специјализација профили на SEO експерти Core Web Vitals Локалната SEO сцена, ако може така да се нарече :)...

Jul 01, 202141 minEp. 105

За развој на кариера во „дигитал” со Иван Димитров - #комкаст 104

Кога ќе се обидеш да размениш искуство пред камера со некој кој, ако не повеќе барем, еднакво зборува како мене не е лесен предизвик. Се обидувавме со Ико долго време да најдеме поконкретна тема за муабет за да не си се жалиме само јавно, тоа секако го правиме често... Еден негов статус за потррага по нов вработен во Групер ме инспирираше да ја отворам темата за вработување, градењеи пронаоѓање на соодветен кадар за работа во нашва индустрија т.е. дигитален маркетинг. Ако ја слушнеш, или гледаш ...

May 23, 202153 minEp. 104

Алгоритми и општество со Игор Трајковски од time.mk - #комкаст 103

Има теми на кои едноставно уживам да зборувам, дискутирам, да се надградуваме и да бидам предизвикан со моите ставови. Улогата на алгоритми е една од тие теми. Сум спремал презентации, сум пишувал текстови и на периоди многу читам на темата алгоритми и нивната улога во општеството. Токму на оваа тема или овие теми во 103 издание на #комкаст разговарам со Игор Трајковски, умот кој стои за time.mk Улогата на алгоритмите во денешниот дигитален свет е навистина многу важна и тука не мислам на алгори...

May 15, 202153 minEp. 103

Funnel hacking со Гент Мехмети - #комкаст 102

И повторно по уште една пролетна пауза, #комкаст е назад со гостин во студио. Конечно успеавме да се погодиме со термините и здравјето со Гент и да помуабетиме на тема маркетинг инка или marketing funnel. Со Гент Мехмети (B2B Copywriter & Marketing Consultant | Head Of Marketing @ LEORON Institute) дискутираме за развојот на маркетинг инката како модел, пристапот кој треба да го имаме како маркетери за различни типови производи и услуги кои ги продаваме и како ги „хакираме” пред се туѓите ин...

May 08, 202153 minEp. 102

Instagram новини и совети + битката на „соушл” - #комкаст 101

По пауза од скоро еден месец, се враќаме со нова епизода на #комкаст во која во соло издание се обидувам да отворам неколку различни дискусии. Инспирацијата е актуелнaта битка на социјалните медиуми за пол позиција во иднината, задржување на доминацијата, или воопшто зачувување на својата релевантност. Фокусот, по воведот е на Instagram затоа што премногу нови работи се случуваат таму и некако мислам дека заслужува внимание. Ги замолив колегите да ги споделат своите искуства со Instagram и да по...

Apr 01, 202128 minEp. 101

100. епизода на #комкаст - Носталгија, историја, сегашност, иднина...

Потајно се надевав дека ќе успеам во една епизода да ги соберам сите кои на еден или друг начин низ изминативе 10 години биле во улога на домаќини на #комкаст. Скоро и да успеав, собрав четворица од вкупно 5 на таа листа. Петтиот задоцни со својата реакција неколку дена :). Јубилејнава 100. епизода со Сеад, Мите и Дарјан правиме ретроспектива, секој од своја гледна точка, секако низ најлегендарните моменти на овој поткаст. 10 години и 100 епизоди, е прилично лош просек, ама ми се чини дека конеч...

Mar 06, 202152 min

Content maketing со Данче Азманова од Embed Social - #комкаст 99

Има разлика од содржина, до добра содржина до содржина која има конкретна маркетинг цел и успева да ја реализира. Е токму за овој последниов тип содржина зборуваме со Данче во 99. епизода на #комкаст. Данче доаѓа од EmbedSocial , екипа која низ годините ни била на гости во #комкаст. Изминативе години содржината им стана еден од клучните начини за привлекување нови корисници и раст на бизнисот. И токму за тоа зборуваме со Данче. Во епизодата ќе слушнете за: транзицијата од нивинар во „маркетер” п...

Feb 27, 202145 minEp. 99

Градење т.н. Marketplace со Никола Јодановски од UpShift - #комкаст 98

Знам, знам maketplace ќе му дојде на македонски пазар, ама низ годиниве во англискиот јазик токму овој збор го пошити своето значење и сега кога ќе се каже maketplace се мисли на дигитален сервис каде во исто време и исто место се сеќаваат понудата и побаувачката а создавачиот на тој сервис е многу повеќе од само пониудувач на заеднички постор. Во 98 издание на #комкаст со Никола збоуваме токму за еден ваков севис. UpShift можеби не е најкласичниот SaaS кој би го помислиле кога ќе спомнеме digit...

Feb 19, 202156 minEp. 98

B2B и LinkedIn со Данчо Димков од BizzBee - #комкаст 97

Данчо е искусен бизнис консултант кој послениве години со својот тим во BizzBee Solutions се фокусира на бизнис кон бизнис комуникацијата пред се преку LinkedIn. Во 97. епизода на #комкаст зборуваме за: карактеристиките на b2b комуникација начин на употреба на LinkedIn за добивање клиенти дефинирање на пораки за започнување на разговор процесот на комуникација психологија на комуникација во име на друг за конкуренцијата на пазарот алатки за автоматизација и употреба на LinkedIn и така натаму :D...

Feb 12, 202155 minEp. 97

Како да снимите поткаст - втор дел | #комкаст 96

Оваа епизода го продолжуваме муабетот за снимање поткаст со малку повеќе осврт на техничкиот дел и опремата потребна за снимање. Има и мал дел за видео, ама само мал. Во оваа епизода ќе слушнете: како да изберете микрофон Што друго ви е потребно за микрофонот како да изберете и подготвите просторија за снимање кои онлајн сервиси да ги користите ако снимате интервју онлајн како да изберете камера и опрема за видео светло и позиција на снимање видео Идејата на епизодава е да споделма и што и каде ...

Feb 04, 202127 minEp. 96

#комкаст 95 - Претпродажба, со Јоцо Тодоровски

Со Јоцо Тодоровски , разврзавме муабет за претпродажбата како модел на маркетинг кој може да се применува при лансирање на нов производ или услуга. Јоцо е стратег за дигитален маркетинг. Им помага на компаниите да постават "маркетинг системи" што носат поголем бизнис раст. Токму со оваа тема, маркетинг системи, го започнуваме нашиот муабет, за подоцна да разговараме за различните пристапи при примената на претпродажба како маркетинг алатка. Разговараме за времето на реализација, комплесноста, ја...

Jan 28, 20211 hr 2 minEp. 95

#комкаст 94 - за Growth ****ing со Никола Соколов

Со гостинот во оваа епизода се договоривме дека нема да користиме премногу излитени маркетинг термини, ама не успеавме да намалиме на употребата на англиски термини... Тоа е. Никола Соколов е ко-основач и главен и одговорен... во Influencers Club , но зад себе има, релатнвно кратка, ама богата работна приказна. Школуван за програмер, израснат во маркетер или подобро речено geeketeer, и лидер. Со Никола разговараме за: преминот од програмирање во маркетинг и развој на бизнис. неговите позитивни и...

Jan 20, 20211 hrEp. 94

#комкаст 93 - за Google Analytics 4 со Роберт Петковиќ

Оваа епизода ја планиравме подолго време. Google Analytics 4 официјално се појави пред неколку месеци, и од тогаш наваму барaвме погоден момент да позборуваме на темата со, кој друг ако не, човекот кој ги претвара бројките во зборови - Роберт Петковиќ - Петко Петко е еден од најпознатите и најпризнатите регионални експерти за аналитика, но не е ништо помалку искусен и од оние кои се во светскиот врв. Петко е редовен наш гостин на AllWeb, присутен на поголем дел од конференциите во регионот а од ...

Jan 13, 202127 minEp. 93

#комкаст 92 - Топ 5 извори/сајтови за маркетинг и медиуми

Традицонално зимскиве празници се за улежување, јадење, пиење... па добро еве нека бидат и за консумирање на содржина. Оваа епизода, без гостин во студио, всушност е обид да ја разглобам млаку подетално мојата лична практика ког станува збор за навики за консумирање новости и мислења. Се надевам ќе ти биде корисна и можеби инспиративна и секако ќе биде предизвик за ти да ги споделиш со другите (во коментар или каде и да стигнеш) твоите омилени извори за маркетинг и медиуми. Вовед и како јас конс...

Jan 07, 202127 min

#комкаст 91 - Во „Светот на Биби” со Јована Аврамовска

Во новата 91 по ред епизода зборуваме за светот на Биби, за развојот на овој проект, за начинот на кој се работи внатре, за YouTube за деца и возрасни за Бививерзумот и за ред други работи. Се разбира и од самиот наслов нели, разговарам со Јована Аврамовска. Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK Anchor.fm: https://anchor.fm/k...

Dec 24, 202038 minEp. 91

#комкаст 90 - за креативноста во време на дигитал со @muarko

Во 90-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Марко Стојановиќ, или попознат на твитер како @muarko. Марко е еден од оние т.н. агенциски луѓе кои целата своја кариера ја минале и ја минуваат во т.н. креативна индустрија. По вокација дизајнер, или подобро речено визуелен креативец. Со Марко разговравме, и си кукавме, да не речам плачевме за различни теми, секако под знакот на креативност. Дискутираме за промените кои ги донесе дигиталната комуникација и социјалните медиуми, но и за улогата на...

Dec 17, 202053 minEp. 90

#комкаст 89 - За chat commerce, black friday и многу повеќе со Ана Георгиеска

Во новата, 89-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Ана Г. од Студио модерна, компанијата која стои за брендовите како што се Топ Шоп, Дормео, Делимано, Homeology и други. Со Ана разговараме за почетоците на нивната компанија во полето на дигитален маркетинг, за фокусот на содржина и секако за мерење на продажбата. Зборувавме за улогата и ефективноста на различните дигитални канали, за продажбата во директна комуникација, преку пораки во чет, за стримањето во живо но, на кратко продискутир...

Dec 10, 202046 minEp. 89

#комкаст 88 - За UX и UI, со Јане Наумоски - Mufix

Веќе некое време тема во која со големо задоволство се задлабочувам е UX, поточно корисничко искуство, уште поточно... бихевиорални промени на однесување. Или ако до крај веќе одиме со кратенкиве тргнуваме од UX преку UI за да ја видиме големата слика или CX ;) И покрај тоа што UX најчесто тесно се поврзува со (графички) дизајн, сметам дека темата е далеку повеќе од тоа, и заслужува да и се дискутираме повторно и повеќе. Ама, од некаде мора да се почне, па затоа во оваа епизода по површината на ...

Nov 30, 202026 minEp. 88

#комкаст 87 - За YouTube, ама сериозно, со Иван Ајнштајн

Во оваа епизода, и покрај сите технички проблеми кои ни се случија, успеавме да уживаме во муабетот, со Иван разговаравме за YouTube. Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”. Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси: iTunes: https://apple.co/31TUeXw Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4 Google Podcasts: https://...

Nov 19, 202043 minEp. 87

#комкаст 86 - Како да направите поткаст!

Оваа недела решивме малку да експериментираме. Снимивме малку поразличен #комкаст . Ако ви се допадна и ако сакате да има ваков тип на епизоди почесто, пишете ни некаде... да знаеме и да си планираме. Ова епизода Дарко ќе ви каже: Како да напрaвите поткаст . Корисни линкови за секој од деловите во епизодата: 1. Планирање на поткаст How to Start a Podcast - thepodcasthost.com Starting Your Podcast: A Guide For Students - NPR How To Start A Podcast - podcastinsights.com 2. Снимање и едитирање на п...

Nov 12, 202014 minEp. 86
For the best experience, listen in Metacast app for iOS or Android